Случајот со смртта на легендарниот актер Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава станува сè покомплициран, откако лекарот на 65-годишната Аракава изнесе шокантни тврдења што драматично се косат со официјалните полициски извештаи.
Обдукцијата на Бетси утврдила дека начинот на смртта бил природен, а властите претходно веруваа дека таа починала на или околу 11-ти февруари. Резултатите од токсикологијата се уште се чекаат.
„Во очекување на податоците за мобилните телефони, истрагата на Одделот на шерифот на округот Санта Фе утврди дека последната позната активност на г-ѓа Хекман била на 11 февруари 2025 година“, потврдија властите за Fox News Digital.
– Сега можеме да потврдиме дека телефонот на г-ѓа Хекман бил користен утрото на 12-ти февруари за да се јави во медицински центар во Санта Фе, Cloudberry Health.
– Утрото биле направени вкупно три повици, сите во медицинскиот центар. Тоа попладне беше упатен дојдовен повик до г-ѓа Хекман од истиот медицински центар. Се чинеше дека се работи за пропуштен повик на мобилниот телефон на г-ѓа Хекман.
Според него, Аракава на 10 февруари ја откажала својата посета во клиниката поради здравствената состојба на Хекман, но повторно се јавила на 12 февруари и разговарала со еден од лекарите. Иако за истиот ден ѝ бил закажан нов термин, таа никогаш не се појавила.
Спротивно на овие тврдења, официјалната обдукција, спроведена од д-р Хедер Џарел, покажала дека Аракава починала на 11 февруари од хантавирусен белодробен синдром – ретка, но потенцијално смртоносна болест што ја пренесуваат глодари. Хекман, пак, починал една недела подоцна, на 18 февруари, од срцева слабост поврзана со хипертензија и атеросклероза, а Алцхајмеровата болест била значаен фактор во неговата смрт.
фото:Instagram printscreen/ genehackmanofficial