Радио Милева тажна вест

Почина актерот кој глумеше во серијата „Тарзан“

Почина актерот кој глумеше во серијата „Тарзан“

Американскиот глумец Рон Или, можеби најпознат по улогата на Тарзан во истоимената телевизиска серија од 1960-тите, почина на 86-годишна возраст, соопшти денеска неговото семејство.

Актерот починал во својот дом во Санта Барбара, Калифорнија, САД, на 29 септември, а веста е објавена сега.

„Светот изгуби еден од најголемите луѓе што некогаш ги познавал – а, јас го загубив татко ми. Мојот татко беше некој што луѓето го нарекуваа херој. Тој беше глумец, писател, тренер, ментор, семеен човек и водач“, напиша неговата ќерка Кирстен Казале Ели на Инстаграм.

Рон Или е роден во Тексас во 1938 година. Познат е и по тоа што беше домаќин на „Мис Америка“ во раните 1980-ти.

ТВ-Серијата „Тарзан“ првично се емитуваше од 1966 до 1968 година. Се помни, меѓу другото, и по специфичниот „крик на Тарзан“, произведен со тогашните специјални звучни ефекти.

Се говореше и оти Или неколкупати скршил коска при снимањето, како и дека бил нападнат од животни. Откако се повлече од глумата во 2001., стана писател и издаде два романи од жанрот мистерија.

To top