Радио Милева сите ја галат и ја чуваат

По операцијата Брена ги ангажирала најдобрите доктори, а соседите будно следат се’ што се случува во домот на ѕвездата (фото)

По операцијата Брена ги ангажирала најдобрите доктори, а соседите будно следат се’ што се случува во домот на ѕвездата (фото)

Лепа Брена доживеа несреќа минатата недела за време на концерт во Загреб кога го скрши скочниот зглоб, по што и беше извршена итна операција.

Лекувањето го продолжи во својот дом на Бежанијска коса, каде семејството е секогаш тука за неа, со што пејачката јавно се пофали.

Соседите на Брена открија детали за неа по несреќата.

– Нашата Брена ги слуша советите на докторот. Откако е на домашно лекување, таа не излегува од дома за што побрзо да закрепне и да се врати во нормала. Повредата не и е воопшто лесна, не е навикната да одмара, но што ќе прави кога треба. Боба и Виктор се постојано околу неа, дојдоа и Александра и Филип, но и нејзините пријатели. Постојано доаѓа достава, испорачуваат некакви кутии, пакети, но и цвеќе. Сите се грижат за Брена и се трудат да ѝ го олеснат овој тежок период. Важно е да не се изгуби духот, затоа семејството постојано ја расположува и ми се чини дека успеваат во тоа. Сите и посакуваме брзо закрепнување – изјавила сосетката.

Друг сосед на Брена изјави дека физиотерапевтите ја посетуваат пејачката секој ден.

– Повредата на Брена не е наивна, закрепнувањето ќе трае два-три месеци, а таа сака да застане на нозе за 15 дена. Рано е. Затоа семејството и таа ги ангажирале најдобрите физиотерапевти од Белград, кои веќе неколку дена секојдневно и доаѓаат дома. Го гледам возилото од таа клиника постојано паркирано таму пред нејзината куќа. Ја подготвуваат и вежбаат со неа, за што побрзо да ја вратат таа нога во нормала и повторно да функционира нормално – изјави соговорникот за Ало.рс

На своите следбеници на Инстаграм им се обрати и самата Брена, кога откри дека по итната операција во Загреб се чувствува одлично, а за неа се грижат членовите на нејзиното семејство, како што потврдија нејзините соседи.

– Ви благодариме за сета поддршка и љубов. Ви благодарам за сите пораки и подароци што ги добивам секојдневно. Се чувствувам одлично. Одмарам, се опоравувам, сите во куќата ме галат и ме чуваат… А јас и мојот тим работиме напорно да ви подготвиме нешто уште подобро. Значи… подгответе се. Шоуто мора да продолжи. Се гледаме на 31.12. Вашата Брена ве сака – напиша една од нашите најголеми музички ѕвезди со песната „The show must go on“ на легендарните „Квин“.

фото:Instagram printscreen/ lepabrenaa

To top