Радио Милева се приклучи на трендот

По Миа сега и Милена Антовска на Мет Гала: Вештачката интелигенција полека ја освојува македонската сцена

По Миа сега и Милена Антовска на Мет Гала: Вештачката интелигенција полека ја освојува македонската сцена

Откако македонската инфлуенсерка Миа Костова ги изненади своите следбеници на Инстаграм со фотографија од себе меѓу ѕвездите на Мет Гала, создадена од вештачката интелигенција, сега и познатата ТВ-водителка Милена се приклучи на трендот.

И Милена се воодушеви од уметноста на АИ алатката па веднаш со леснотија се прикажа и таа на ексклузивниот моден настан, но со интересен пресврт.

Додека Миа беше очигледно задоволна од својот изглед, Милена не сподели само една фотографија, туку две. Сепак впечаток остави што на ниту една не напиша коментар или опис.

Со оваа тишина, таа го отвори прашањето, дали креациите кои и ги понуди вештачката интелигенција и се допаднаа, или пак направила неколку но, ги избра оние што навистина и одговараат?

Можеби Милена сакаше да ги остави следбениците да коментираат и шпекулираат, но само  еден е факт – АИ-модата полека ја освајува и македонската сцена.

foto: printscreen/instagram/milenaantovska

To top