Радио Милева креативноста на Ал

„Добро ме знае, само ноџево откриено“ – Миа Котова на Мет Гала

„Добро ме знае, само ноџево откриено“ – Миа Котова на Мет Гала

Секоја „Мет Гала“ е место каде ѕвездите и дизајнерите танцуваат на раб на генијалноста и провокацијата. Оваа година, границата меѓу уметност и “што е ова?!” се почувствува целосно. Некои влегоа во пантеонот на високата мода, но многумина предизвикаа цунами од мемиња, критики и дебати на ТикТок и Инстаграм дека веќе преминало од Уметност во модна апокалипса. Претераните волумени, чудните пропорции и бои од кои болат очи ја преполнија мрежата како и со споредби од научно фантастичните филмови.

Но, меѓу хаосот на социјалната мрежа Инстаграм на кратката приказна се појави и фотографија од македонската инфлуенсерка Миа Костова.

Миа не чекаше покана од настанот па наместо тоа, таа го искористи „Чет џи-пи-ти“ за да креира совршен Мет Гала изглед.

Таа со фотографијата која ја сподели покажа елегантна, провокативна креација што ја прави да изгледа како вистинска ѕвезда.

“Па добро ме знае, само ноџево откриено ќе го сошијам”, напиша Миа со емотикон  кој плаче од смеење и веднаш привлече внимание.

Со тоа можеби и Холивудските ѕвезди тајно следната година инспирирани од Миа ќе побараат инспирација од АЛ, доколку го следат нејзиниот пример. Миа со тоа покажа дека со вистинска насока, вештачката интелигенција не прави гафови, туку едноставно ремек-дела, а можеби вештачката интелигенција следната година целолсно ќе ја редифинира Мет Гала. Останува само прашањето: Дали е ова почетокот на новата ера на модата?

foto: printscreen/instgaram/miandrija

To top