Поранешната ТВ водителка, Мелита Ракиќевиќ, повторно ги привлече погледите на сите на социјалната мрежа Инстаграм, каде што редовно ги изненадува следбениците со нови фотографии и видеа од својот секојдневен живот. Неодамна, таа одлучи да ги спакува куферите и да отпатува на одмор, па оттаму постојано се огласува и ја полни својата приказна со летни моменти.

На една од последните објави, Мелита позираше пред базен во лесна, провидна летна наметка што го истакна нејзиниот стил и самодоверба. Во преден план пак се забележаа и неколку тетоважи на градите, детали што веднаш привлекоа коментарите и љубопитни реакции од следбениците.

Нејзините обожаватели често бараат поголема блискост со нејзиниот приватен живот, а Мелита очигледно знае како да им даде дел од својата приказна, оставајќи простор за нивните фантазии.
За неа летото веќе почна, Мелита се упати кон Халкидики, поточно во познатата Калитеа во Грција, крај што веќе одамна привлекува посетители поради убавите плажи. Таму,таа покрај тоа што ужива како турист, скопската трендсетерка има и свое деловно искуство, бидејќи таму таа е газдарица на четири луксузни апартмани.
– Пауза од реалноста, во совршен амбиент – напиша Мели.


Нивните реакции покажуваат дека нејзиниот одмор мотивира. Низ нескриениот шарм што го пренесува преку фотографиите и видеата , Мелита успева да внесе дел и од своето секојдневие, но и од својот професионален и деловен свет. Така, постовите кои ги споделува делуваат и како поттик, инспирација за љубителите на летни авантури и стилот.
Без оглед дали станува збор за нејзиниот изглед на фотографија пред базен, за кадровите од Калитеа или за прашањата кои ги буди нејзиниот приватен живот, Мелита Ракиќевиќ останува фигура која знае како да ги држи следбениците во очекување, a ова лето, очигледно, ќе продолжи да биде во центарот на вниманието.
Foto: printscreen/instgaram/melitameli






