Веројатно барем еднаш во животот секоја припадничка на понежниот пол, особено во зрелото доба, се запрашала дали одреден вид на шминка ја разубавува, подмладува, ги прикрива недостатовите или пак ги нагласува, па дури и годините?
За познатите дами од естрадата, шминкерната е едно од најпосетените места каде редовно добиваат ваквa или онаква преобразба и трансформација од која дури и самите знаат да бидат изненадени од одразот воп огледалото.

Меѓутоа, повеќето ќе се согласат дека убаво е и чувството кога ќе се тргне целата таа корективна маска од кожата, ќе се остави да дише и да блеска под природно светло.
Познатите Македонки сме ги виделе со шминка и без истата, берем оние похрабрите и посамоуверените, а една од нив е и фолк пејачката Елена Велевска.

Таа уште еднаш доби желба да се покаже пред следбениците на социјалниоте мрежи во природно издание по дома.

Елена ја избриша шминката, ама како да избриша и 10 години од лицето заедно со неа.
Велевска како жена од средината на петтата деценија, вака ноншаланта и ослободена од шминка, според приложеното може да се заклучи дека сигурно може да си дозволи што сака во поглед на изгледот, што не ретко е и случај кај неа.

Овој пат, промената беше крупна, но со едноставен пристап. Вака или така, Елена очигледно дека ужива во своја кожа.
фото:Instagram printscreen/evelevska





