Иван Јованов, пејачот и фронтмен на групата „Либеро бенд“ имаше едно поинакво интервју пред камерата на етрадниот магазин „Бекстејџ“ каде се исповеда да животниот здравствен предизвик со кој се соочува месециве наназад.
Како што и претходно во неколку наврати пејачот сподели јавно, тој имаше здравствен проблем од кој по операцијата на грлото и успешно отстранет бениген тумор, закрепнува, но и се соочува со постоперативни проблеми, особено психолошки за што без заддршка отворено говореше.

-Ми беше шокантно бидејќи буквално не можев телефонот да го отклучам. До толку немав сила. Имам проблем од време на време со кочење на одредени делови од телото. 20-тина дена значи ни збор, само правев м-м-м. Моментално се соочувам со некои други проблеми што ми се можеби психички, некои проблеми со нервите – се исповеда Иван за својата моментална состојба.
View this post on Instagram
Непревидливоста на живтот може да не однесе на место каде претходно не сме ни помислувале да бидеме, а Иван преку своето искуство покажа дека можеби е и полесно кога ќе ја споделиме маката, а и тоа дека и на познатите не им е се’ така розово.
Сепак, воопшто не треба да се заборави и дека после дождот секогаш изгрева сонце, порано или подоцна!
фото:Instagram printscreen/backstage_macedonia and jovanov_ivan






