Промотер

Мијата ќе ве мотивира да се почувствувате комотни во своја кожа со – „Ти биди свој“ (ВИДЕО)

Мијата ќе ве мотивира да се почувствувате комотни во своја кожа со – „Ти биди свој“ (ВИДЕО)

Мијата ја објави својата нова песна „Ти биди свој“  за која самата вели дека е мотивациско продолжение на нејзиниот (нај)голем хит „Верувам во себе“.
Кантавторката за оваа песна ќе рече дека е дел од нејзината душа и носи порака за слобода, автентичност и храброст да се биде свој.

„Со видеото сакав да ја пренесе енрегијата што значи за мене кога јас сум своја, растеретена од сите предрасуди и норми, едноставно комотна во своја кожа, и да ги поттикнам и моите сограѓани да го пронајдат тоа чуство секој за себе“ – изјави Мијата.

Песната е целосно отсвирена во живо во студиото „Подрумот“ во Скопје. Авторка на музиката, текстот и дел од аранжманот е Мијата. Во песната свират Гоце Вангеловски на виолина, Бојан Димитровски на пијано, Кире Мирчовски и Јаков Ѓорговски на гитари, Иво Митковски на бас гитара и тапани, а кантри звукот го збогатува бенџото во изведба на Рики Миер од Калифорнија.

Мијата вели дека гостувањето на музичарот од Калифорнија носи симболика дека музиката нема граници. Аудио инженер и аранжер е Ангел Ќосев со кого таа повеќепати соработува. За видеото се избрани две локации во Македонија важни за Мијата, Пробиштип и Кучково.

Таа е режисер на спотот, директор на фотографија е Сашо Доковски, а монтажата ја изработи Горан Цветковиќ. Во спотот учествува балетското студио „Магија“ од Пробиштип.

Како сето тоа изгледа спакувано во подвижни слики и музика проследете од видеото во продолжение…

To top