Радио Милева љубовна желба

Како Сењорита Мистериоза го надмина швалерскиот страв: Кафе изненадување! (ВИДЕО)

Како Сењорита Мистериоза го надмина швалерскиот страв: Кафе изненадување! (ВИДЕО)

Сењорита Мистериоза, слатката, синоока „сајз плус“ црнка со необично уметничко име, лик од социјалните мрежи која секојдневно изненадува, па дури и шокира со своите „довитливи животни ставови“, доволни секого да аскокоткаат, заинтригираат и замислат: Дали некогаш сте се пронашле во нејзините „практични Инстаграм совети“ и „онлајн мудри мисли“?

До душа, не дека не се извлечени од животот и секојдневните случувања на многумина, а веројатно во нив има и од неа по нешто лично, ама сепак…

Како и да е една од најголемите пречки човек да си ги реализира плановите, оствари своите замисли и исполни личните желби е секако – стравот! Од неуспех, осуда, исмејување, стигматизирање, жигосување… од поединци, од околината, па дури и непознатите хејтери на социјалните мрежи.

А желби и замисли сите ние имаме разни…па и љубовни!  Сите, па и црнката „загадочна госпоѓица“, само што неа стравот и е голем, зашто љубовната желба и швалерска. Па, оттаму и стравот дека лесно може „да го јаде стапот“ ако си ја исполни. А желбата толку едноставна, а сепак толку комплицирана:

Но, „Буцкастата убавица“ е упорна, па не се откажува. Мислела, мислела, и на крај  Сењорита Мистериоза смислила како без ризик и нервоза да го надмине стравот, без да  го „окрка стапот“. Решението едноставно. Преземено од трагачите по возбуди. За да го победиш стравот – соочи се со него. Не чекај возбудата сама да ти дојде, туку отиди и во пресрет и придружи и се!

Најпрвин изненади ја со кафе понуда онаа на која и се плашиш, а потоа и оној кој сака изненадувања! Или само овој вториов-заедничкиов, во случај  на онаа првата да и се правиш блиска пријателка, а таа „нема поим“ дека потајно и ја „вршиш работата“! Инкогнито!

Ама, важно кафе муабетот ви оди совршено!

Епа, наздравје кафето! И изненадувањето… за оној, што е „живот ваш“!

Фото и видео: Инстаграм/senorita.misteriosa

To top