Во бел мантил, свечен стајлинг, сценско или лежерно дневно издание, докторката и пејачка Симона Поповска е ултра згодна дама која во период од две години се породи двапати.
Таа е горда, исполнета и реализирана жена која откако стана мајка на две синчиња, успешно жонглира со професионалните и семејните обврски.

Посветена докторка во напливот на време на естетски корекции, но и предана мајка на мали деца кои не можат без мама.

Сепак, време за одмор покрај толку обврски, на умот и телото и тоа како им е потребен, а на овие топли пролетни температури, Симона замина каде ако не, туку на плажа.
Изборот беше море и време за сонце, песок, вода и спокој покрај хотелскиот базен…

Згодна и тенка како манекенка, Симонче е охритско рипче во бел костим за капење кој совршено „се лепи“ на нејзината фигура од која простор за недостатоци нема.

Фотографиите во костими за капење како и секогаш се „must have“ за на социјални мрежи, а Симона никогаш не излегува од она што е „ин“.
фото: instagram printscreen/ simonapopovskaofficial




