Радио Милева пресликана...

Едина Муса ја покажа мајка си – ова е жената од која ја наследила убавината

Едина Муса ја покажа мајка си – ова е жената од која ја наследила убавината

Екс кошаркарката и фитнес тренерка Едина Муса, која редовно ги споделува моментите од своето секојдневие на Инстаграм, овој пат реши да ѝ посвети внимание на најважната жена во нејзиниот живот — мајка ѝ.


Муса, сопругата на Александар Димитровски „Мачка“, објави фотографија од мајка ѝ веднаш откако таа излегла од салон за убавина, придружена со благодарна порака дека била во вистински раце.

Во краткиот коментар Едина изрази колку е среќна што грижата за изгледот ѝ е доверена на професионалци, а следбениците забележаа и друга работа — колку многу Едина наликува на својата мајка.


Фановите веднаш коментираа дека јасно се гледа од кого ја наследила убавината, а комплиментите за двете веднаш почнаа да се редат.

Инаку, Едина и самата стана мама на Максин на 19 февруари пред една година, но и покрај новата улога таа продолжува да ги мотивира следбениците со своите објави — како пример за посветеност кон сопственото тело и здравје, и е инспирација за сите жени што сакаат да останат активни и да се грижат за себе.

Foto: printscreen/instagram/edina_musa

To top