Тамара Тодевска денес слави роденден. На дамите никогаш не им се бројат годините, иако пејачката никогаш и не ги криела, ама сепак… Многу поважно е со кого ќе го прославиш денот кој означува само една бројка повеќе во твојот живот, кој е многу поважен од бројката. Некогаш денот што го чекаме цела година го прославуваше во дискотека, клуб , кафеана со бројни пријатели, а денес? Денес е веројатно малку поинаку.

Она што е најважно дека роденденската среќа на пејачката прв со роденденска честитка ја зачини оној кој ја споделува љубовта со неа – нејзиниот партнер Лука Радовиќ. И тоа јавно!

Имено, по турболентниот период околу и нешто по Нова Година, кога јавноста на големо зборуваше дека „љубовта помеѓу пејачката и архитектот“ заврши, очигледно малата „вонбрачна криза“ оддамна е надмината, а Лука јавно покажа дека љубовта сепак им цвета.

Неколку заеднички фотографии, роденденска честитка и една порака со желби рој: „Среќен роденден среќо моја! Цел живот да ни е ваков“ – и напишал архитектот на својата партнерка, па заедно со колажот фотографии го споделил на своите Инстаграм приказни.

Идентично како што Тамара го стори истото за неговиот роденден кога во средината на февруари таа со слична роденденска фоточеститка ги демантираше сите шпекулации и озборувања дека нивната љубовна романса завршила!

Можеби само за миг „испарила“, но потоа како пороен облак во вид на обилен дожд пак се вратила предизвикувајќи нова поплава од емоции и страсти.

Роденденот на Тамара и јавната честитка на Лука е најдобра потврда дека на пејачката и архитектот „им врне (од) љубов“!
ФОТО: Facebook & Instagram/tamaratodevska/radovic_lukaa




