Радио Милева Историски музички викенд за Македонија

По „Ѕвездите на Гранд“ Македонец го освои и „Никогаш не е доцна“: Виктор Димитриевски триумфираше според гласовите на публиката

По „Ѕвездите на Гранд“ Македонец го освои и „Никогаш не е доцна“: Виктор Димитриевски триумфираше според гласовите на публиката

Виктор Димитриевски е победник во регионалното музичко талент шоу шоуто „Никогаш не е доцна“ според СМС гласовите на публиката!
Кумановскиот Чола, како што го нарекуваат,  на сцената феноменално ја испеа нашата македонска песна „Кирјана вино продава“ и ја претстави Македонија на најубав можен начин.

Виктор во текот на натпреварувањето се претставуваше со различни музички жанрови, а за самата завршница реши да им се заблагодари на сите пријатели и обожаватели на посебен начин — со традиционален македонски мелос.  Тој ја отпеа една од најубавите македонски народни песни  „Кирјана вино продава“, а водителката Драгана Катиќ констатираше дека оваа песна се изведува за првпат во историјата на натпреварувањето.

По настапот на Виктор, Ана Бекута не го криеше своето воодушевување, па му го порача следново:

„Одушевена сум од твојата интерпретација и желбата за победа, тоа го почувствував за време на настапот. Твоето расположение е прекрасно и верувам дека ќе има гласови како дожд“.

Македонците никогаш не издаваат кога се во прашање гласовите“, додаде водителката Драгана Катиќ низ насмевка. И така и се случи! Публиката ја препозна квалитетната изведба на Виктор и го награди со победа давајќи му ги своите СМС гласови!

Веднаш по објавувањето, Виктор ги сумираше своите први впечатоци  и призна дека дури ни во најлудите соништа не очекувал таков исход.

„Не очекував да биде толку грандиозно. Не очекував ниту да стигнам до финалето, со оглед на тоа што на Фејсбук гласав со многу добри кандидати во полуфиналето. Имав голема поддршка од публиката и им благодарам многу. Благодарност до Гранд продукцијата за сè, благодарност до Жика што ме избра мене кога го направи изборот. Најмногу од сè, благодарност до моето семејство, сопругата и мојот син – рече тој.

Победникот не криеше кому му ја посветува својата голема победа:

„Ја посветувам на моето семејство бидејќи тие беа моја поддршка цело време и беа со мене за време на целото снимање, секогаш кога беше потребно“.

Иако на крајот го крена победничкиот трофеј, патот до врвот воопшто не беше лесен. Виктор откри дека најтешкиот период за него за време на натпреварувањето бил четвртиот круг.

„Четвртиот круг беше несигурно, барем така го доживеав. Коментарите беа измешани и бев збунет„.

Посебни емоции му разбуди фактот што победничкиот трофеј му го врачи Ана Бекута, чија музика со години има посебно место во неговото срце.

„Многу ми значи што таа ми го предаде трофејот. Сите овие години ги следам „Никогаш не е доцна“ и „Ѕвезде Гранда“, а таа е мојата омилена пејачка воопшто“ – заклучи победникот.

Се’ на се’, изминатиов музички викенд ( 20-21 јуни 2026) за Македонија беше историски, зашто по неверојатниот триумф на Бојан Илиевски во саботата во „Ѕвездите на Гранд“ и освоеното второ место од кавадарчанката Мирјана Митрева во истото шоу, само  ден подоцна, во неделата кумановецот  Виктор Димитриевски беше прогласен за еден од победниците во „Никогаш не е доцна“!

Фото и видео:  YouTube/grand.nova.rs/nikad-nije-kasno

To top