Талентираниот велешанец Иван Милевски кој успешно се позиционираше во завршните, елиминациски кругови од популарното регионално шоу „Ѕвездите на Гранд“ кои водат кон големото финале, очигледно дека се’ повеќе добива наклонетост од повеќето.
Познато е дека неговата менторка Цеца Ражнатовиќ цели кон тоа Иван да биде уште еден македонски победник, а дека велешанецот ги има симпатиите и од Дара Бубамара, многу добро знаат оние кои редовно го следат шоуто.

Дара како да има амнезија кога Иван се појавува на сцената, па кога ќе дојде редот за нејзинот коментар по изведбата на Иван, таа прво „се фаќа“ за изгледот на велешанецот.
„Убав си“, „Многу добро изгледаш“,Прекрасно изгледаш, мислам за на сцена“… заводливо му ласка Дара Бубамара, а Иван во една прилика дури и кажа дека редовно го слуша истото од неа.
View this post on Instagram
Ова сублимирано видео се најде и на неговиот Инстаграм профил, а многумина коментираат и дека жената не кажала ништо кое е далеку од вистината.
Но, на неговата тазе сопруга Сара, најверојатно не и беше сеедно кога вака директво и ласкаво слуша како жена за која добропознато е дека сака помлади, му дели комплименти на нејзиниот сопруг.

Инаку, Иван Милевски од пред шест месеци е среќно оженет човек со убавата русокоса Сара на која и предложи брак на Малдиви.

Таа редовно е неговата најсилна и редовна поддршка од бекстејџот на „Ѕвездите на Гранд“, а како сопруга на јавна личност веројатно веќе почнала да учи дека се’ e шубизнис, особено од еден ваков популарен натпревар.
фото:Instagram printscreen/milevskivan/darabubamara_official




