Радио Милева дехидрирала

„Пет часа не се напив ниту капка вода“: Цеца едвај го преживеала постот, а на Божиќ испрати силна порака (фото) 

„Пет часа не се напив ниту капка вода“: Цеца едвај го преживеала постот, а на Божиќ испрати силна порака (фото) 

Музичката ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ го дочека најрадосниот христијански празник во црквата Свети Сава, како и многу православни верници.

Традиционално, на божиќната литургија дојде со сестра ѝ Лидија и деверот Предраг.

Цеца даде кратка изјава за насобраните медиуми и на сите им го честита Божиќ, посакувајќи им на луѓето мир и бериќет.

– Едвај чекав да се причестам, пет часа не се напив ниту капка вода. Дехидрирана сум, си одам дома, ни треба мир, благосостојба, многу повеќе љубов, да се почитуваме и сакаме – рекла Цеца и додала:

– Јас тебе со љубов, ти мене со љубов. За да примиш љубов треба да знаеш да ја дадеш, мислам дека ние Србите се отуѓивме. Го изгубивме чувството за сосед, за пријател – рече Цеца Ражнатовиќ на Божиќ.

фото: printscreen/instagram/cecaraznatovicthebest

To top