Пејачката Сања Вучиќ зборува пет странски јазици, а сега учи и шести. Освен што има моќен глас, Сања е позната по својот исклучителен интерес и талент за учење странски јазици.

Пејачката, која неодамна се скара со Дара Бубамара, може да се пофали со своето познавање на неколку странски јазици, а како што самата истакнува, зборува англиски, арапски, шпански, португалски и италијански.
– Англискиот е речиси мој мајчин јазик, зборувам шпански, студирав арапски. Научив португалски, италијански во училиште – објасни пејачката еднаш. Иако признава дека не ги зборува сите јазици течно бидејќи не секогаш има можност да ги користи, таа нагласува дека има „жичка“ за учење, а откри дека неодамна почнала да учи холандски од чиста љубопитност.
Foto: printscreen/instgaram/sanjalilwolf







