Жените се чудна сорта… Особено оние од естрадата, кои се навикнати постојано да добиваат аплаузи, комплименти, убави критики, па и добар бакшиш… за својата работа, но и за нивниот изглед.
Колку сето ова да звучи дека има врска само со професионалната определба, овие нешта и тоа како влијаат на личноста и приватно. Особено кога тоа приватното не оди, не штима баш најдобро, тогаш доаѓа до преиспитување на самата себе си, своето однесување, постапките, сопственото его.
View this post on Instagram
Во такаа дилема ги стави своите Инстаграм следбеници и македонската фолкерка Адријана Ацевска, која сите ја знаат како Адријана Кеш. Стокмена, стегната, дотерана, нашминкана, овој пат за настап, со селфи во огледалото искрено ги замисли и своите обожаватели, ама и бившите дечковци и идните додворувачи.
„Не се сите бивши лоши… Погледнете ме, јас сум нечија бивша и јас сум најдобра“ – споделила во постот покрај фотографијата Адријана.
Дали е реално самоуверена или нереално самобендисана? Или можеби Адријана само споделила утешителна мисла за да си ја крене сопствената самодоверба, објаснувајќи која е разликата да се биде нечија бивша од потенцијално идна девојка?
Ако е она првото – реално самоуверена, тогаш оние што ја пропуштиле приликата, имаат за што да жалат. Освен ако не добијат „втора шанса“ за да си го поправат првиот впечаток!
Ако е она второто – нереално самобендисана, тогаш пејачката жали за она што можело да трае, а веќе го нема, па сопствениот маркетинг кај една жена е ем добар за „перење на совеста“, ем реклама која можеби нешто ќе им значи, на која „ќе загризат“ идните додворувачи?
Ако е пак во прашање само утешителна мисла за да си ја крене сопствената самодоверба и тоа не е лошо… Само да е со усул, да не се претерува!
Конечно, кој(а) како ќе ја протумачи споделената фраза на Адријана Кеш, изгледа зависи од тоа колку и е раскинувањето или разводот свеж?
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/adrijana_acevska