Македонската пејачка Андријана Петрушовска заврши како третопласирана во 17-тата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, па во знак на благодарност таа неодамна приреди настап пред своите сожители и поддржувачи од скопско Драчево.
View this post on Instagram
Екипата на „Гранд“ беше гостин на настапот, а Андријана ги пречека и како добра домаќинка им ја отвори вратата од својот дом и им ја покажа оазата на мирот каде што живее со семејството.
„Добредојдовте во Драчево, ова е мојата куќа, овде живеам со моето семејство, ова е моето се’ “ – насмеано ги пречека гостите третопласираната финалистка, која ексклузивно им ја покажа својата куќа и откри досега непознати детали од нејзиниот живот.
Далеку од градската гужва, врева и метеж, еднокатната куќа од ѕидан камен се наоѓа во мирната област, 12-ина км од центарот на Скопје, каде и покрај популарноста на Андријана, тие имаат своја приватност.
Пред куќата има двор во кој поминуваат убави денови, а покрај трпезариската маса на која најчесто седат има и летна кујна во која се подготвуваат нивните омилени специјалитети.
Андријана откри и како татко ѝ секогаш истура вода по неа кога таа излегува од дома на некој важен настан.
„Татко ми го прави тоа секој пат. За малку ќе имавме ситуација, отидов на пат и се вратив затоа што нешто заборавив и потоа тој повторно мораше да истури вода“ – раскажува низ насмевка пејачката.
Внатрешноста на куќата зрачи со модерен дизајн и семејна топлина, а поради концертот што го одржа во Драчево, специјално пристигна и дедото на Андријана, кого екипата ќе го затекне во дневната соба.
Ексклузивно за Гранд, родителите на пејачката открија како се справиле со нејзините борби во „Ѕвездите на Гранд“ и нејзината животна одлука да биде пејачка.
„Многу сме горди и пресреќни и со третото место. Не беше лесно да се гледа жирито како гласа. Тешко беше кога се пријави за прв пат, беше млада, сама се возеше до Белград, но толку е способна и сигурна во себе“ – изјавиле гордите родители.
Иако очекувавме пејачка атмосфера во нивната куќа, дознавме дека талентираната пејачка не дозволува никој од домашните да и го ремети времето за проби.
„Не е распеано зашто кога таа пее мора да е тишина за да може да се концентрира“ – признала нејзината мајка.
Покрај стасот и гласот, расната Македонка покажала завидни вештини и во кујната, кога специјално за телевизиската екипа подготвила богата трпеза.
„Се’ подготвив со помош на мајка ми. Француска салата, ајвар, шопска салата… Не сакав нешто тешко и жешко“ – признала Петрушовска, а домашните и потврдиле дека помага во сите домашни работи и дека не и е непознато готвењето.
„Кога правиме ајвар, мора да ги испечеме и излупиме пиперките. Таа помага во сè, ги мие садовите“ – раскажува мајка и.
За прв пат пред камерите на „Гранд“ зборуваа сестрата и помалиот брат на Андријана, кои би сакале да го следат патот на нивната сестра во музиката.
„Сестра ми е уметник, нема да биде во „Ѕвездите на Гранд“. Таа изработува чанти и накит, а брат ми пее подобро од мене, но многу се срами“ – тврди Андријана.
Како изгледаат семејната куќа и членовите на семејството на Андријана Петрушовска и дали нејзиниот помал брат пее подобро од неа, погледнете во видеото кое можете да го видите со кликнување ТУКА.
Извор: Grand.nova.rs
Фото: Инстаграм/andrijanapetrushovska и Grand.online принтскрин