Радио Милева штосен

Панчо ДНК си направи неколку мини тетоважи каде му остана место, a за кое на крај памет нема да ви текне (фото)

Панчо ДНК си направи неколку мини тетоважи каде му остана место, a за кое на крај памет нема да ви текне (фото)

Владимир Блажев, познат како ДЈ Шорти или уште попознат како Панчо од ар ен би дуото ДНК, е голем фан на тетоважи, а истите ги има по цело тело.

Украсувањето на телото како уметност и експресија на изразување е личен избор, а Панчо и на дело докажува дека ако нешто навистина му значи, тој ќе го истетовира.

Па така, една од подрагите и позначајните тетоважи е онаа на левата нога со истетовираните имиња на целиот национален фудбалски состав кој обезбеди пласман на Европското првенство во 2021г, заедно со селекторот Игор Ангеловски.

Инвентивност и идеја повеќе секогаш има, а за место ќе се најде.

Овој пат Панчо се сети на нешто штосно, односно да си направи тетоважи од симболи на ноктите, можеби не се трајни, но изгледаат како совршено тату надополнување од неговите теровирни раце, дланки и прсти.

Симболите на десете нокти од прстите се сочинети од: срце, молња, глава од куче, смајли, фудбалска топка, микрофон, пајак…

Штосно нели?

фото:Instagram printscreen/ djshortypofficial

To top