Радио Милева Гордоста на мама

Паметна, успешна и убава со диплома во раце – Султана, ќерката на Наташа Малинкова стана академски граѓанин

Паметна, успешна и убава со диплома во раце – Султана, ќерката на Наташа Малинкова стана академски граѓанин

Семејството на пејачката Наташа Малинковa, деновиве како предпразнично загревање има дополнителна причина за радост, здравица и прослава.

Причината за тоа е дипломирањето на постарата ќерка, 22 годишната Султана Малинкова.

Паметна, убава и стројна,  младата дама и  наследничка на Малинкови сега веќе е академски граќанин како дипломиран економист на катедрата на Економски факултет во Скопје при универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Гордата мама Наташа на социјалните мрежи ја сподели својата радост  чија заслуга е на Султана со дипломата во рацете.

-Најголемото богатство во мојот живот не се работите, туку луѓето — а моите две ќерки се моето сè.
Вашите насмевки ми ја полнат душата, вашите зборови ми го греат срцето, а вашето постоење ми го дава најголемото значење во животот.
Горда сум што сум ваша мајка, горда на секој ваш чекор, сон и успеан ден.
Ве сакам бескрајно, мој живот, моја сила, моја љубов – кажа Наташа во една од своите неодамнешни објави.

Инаку, Сулната Малинкова станува се поактуелна на социјалните платформи како инфлуенсерка на производи за убавина, а се почесто ја гледаме и како приудружба на мама на настапите.

Малинкови години наназад имаат семеен бизнис за продажба на мебел, а јасно е кој во иднина ќе се грижи за се’ околу економските калкулации.

Честитки!

фото:Instagram printscreen/natasamalinkova/sultana.malinkova

 

To top