Радио Милева љубовен живот

Оваа убавица прва го заведе: Знаете ли која позната пејачка Филип Живојиновиќ ја љубеше пред Прија?

Оваа убавица прва го заведе: Знаете ли која позната пејачка Филип Живојиновиќ  ја љубеше пред Прија?

Филип Живојиновиќ, синот на Слободан Боба Живојиновиќ, имал интересен љубовен живот пред да се ожени со пејачката Александра Пријовиќ.

„Филип Живојиновиќ на одмор со Маја Шупут“ пишуваа забавните медиуми во летото 2009 година.

Најстариот син на Слободан ‒ Боба Живојиновиќ, кој тогаш имал 24 години, е виден во хрватското летувалиште Нови Винодолски, во друштво на пет години постара пејачка и брзо почнале да се шират озборувања за романса.

Друга причина за интерес на јавноста беше фактот што тогаш официјалната девојка на Филип Живојиновиќ беше манекенката Софија Милошевиќ.

Маја тогаш се опоравуваше од две неуспешни врски по ред;

Иако фотографиите на Маја и Филип од базен, од спа центар или од ноќниот клуб со денови ги полнеа весниците, на почетокот не им придаваа никакво значење, но по извесно време решија да ги демантираат гласините.

‒ Бев на семеен одмор во Нови Винодолски. Таму беше и Маја. Имаме многу заеднички пријатели и точно е дека поминавме многу време заедно, но ништо интимно не се случи меѓу нас – изјави Филип во емисијата Red Carpet и на тој начин се обиде да стави точка на врската со пејачката, но таа приказна живееше уште некое време.

Инаку, Маја Шупут се омажи за Ненад Татаринов, сопственик на консултантска фирма, со кој го доби синот Блум, додека Филип е во среќен брак со Александра Пријовиќ.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Ф.Живојиновиќ/

To top