Јутјуберот Богдан Илиќ – Бака Прасе повторно е во центарот на вниманието откако неговиот автомобил беше запален синоќа во Белград. Сепак, ова не е прв пат да се соочи со вакви инциденти.
Во 2023 година, непознато лице фрли молотов коктел во ресторан за брза храна што го поседуваше во Нов Белград, предизвикувајќи пожар.
Илиќ потоа се огласи на социјалните мрежи и го наведе точното време на нападот.
„Синоќа во 2:29 часот наутро, некој фрли тула и молотов коктел и предизвика пожар во бар на Тошин бунар“, напиша јутјуберот.

Тој додаде дека чека дозвола од полицијата јавно да ги објави снимките од надзорните камери и да ги даде сите детали за случајот.
„Чекам снимки од камерата и дозвола од полицијата јавно да ги објавам сите детали.“
Овој пат, Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се огласи откако неговиот автомобил, мерцедес од 500.000 евра, беше запален во Белград на вода. Бака Прасе им се обрати на своите следбеници и го сподели видеото на социјалните мрежи.

Foto: print screen/Instagram/bakaprase






