Радио Милева боксер со нежно срце

Ова момче било првата љубов на Јелена Карлеуша: Душко Тошиќ си играл во песок кога таа се шетала со овј опасен тип (ФОТО)

Ова момче било првата љубов на Јелена Карлеуша: Душко Тошиќ си играл во песок кога таа се шетала со овј опасен тип (ФОТО)

Јелена Карлеуша моментално е во судск процес на развод од долгогодишниот партнер Душко Тошиќ, но пред да заплови во мирните брачни води со фудбалерот,  белградската „мала од скандала“ ја поврзуваа со бројни моќни мажи. Нејзиниот љубовен живот беше, слободно може да се каже, како филм, со неверојатни пресврти.

Така, да потсетиме, таа еднаш призна дека како четиринаесетгодишна била вљубена во пејачот Жељко Шашиќ. Му признала на море, но пејачот ја одбил поради разликата во годините. Јелена му плеснала в лице дека еден ден ќе биде многу пославна од него… што и навистина ќе се случи!

Сепак, многумина се прашуваат која е нејзината прва вистинска љубов? Првата љубов на Јелена и се случи на самиот почеток на кариерата, а тоа беше боксерот Немања за кого еднаш откри, дека се заљубила на само 16 години.

„Првата љубов ми се случи на имав 16 години и таа трае до сега. Тоа е моето сегашно момчео. Патем, мојот прв… љубовник! Неговото име е Немања. Тој е спортист и ми е голема поддршка во животот. Се надевам дека ќе бидеме долго заедно, како што сме веќе неколку години. Многу ми помага и ми дава потстрек да продолжам да се занимавам со оваа професија. Многу го сакам. Се надевам дека ќе се омажам за него и ќе му родам пет деца – велела своевремено Јелена. Сепак, од нив двајца има само една  заедничка фотографија. Млади, гушнати, заљубени… Но, од непознати причини љубовната приказна беше прекината и секој тргна по својот пат. Карлеуша, како што знаеме, подоцна се омажила за Кариќ, а потоа и за Тошиќ (кој тогаш имал 8 години, а како што некои се шегувале „ си играл во песокот“)  на кого и му роди две ќерки.

Фото: Инстаграм/karleusastar

 

To top