Радио Милева претскажување...?

„Остари со мене, најдоброто допрва доаѓа“: После толку променети жени, Дарко-Спејко ќе се жени? (ВИДЕО)

„Остари со мене, најдоброто допрва доаѓа“: После толку променети жени, Дарко-Спејко ќе се жени? (ВИДЕО)

Некогашниот победник во ријалити шоуто „Големиот брат“, кумановецот Дарко Петковски Спејко пред да се пресели да живее и работи во Обиденетите Арапски Емирати животот му беше ултра турболентен. Во Македонија не мируваше, зашто Спејко не го знаевме само како ријалити ѕвезда, туку се опроба и како модел, инфлуенсер, рапер, кошаркарски директор, општински советник… И секако, страствен љубовник, кој  неги криеше љубовно-еротските романси со своите девојки!

Од една од ријалити сестрите Шегетин, преку Љупка Митрова и анонимни дами по неа, па се до Хрисанта Монева…

Но, откако„арапската“ врска со последнава  не доби славен епилог, Спејко  побара !љубовна утеха“ во нова убавица… Па до ден денешен, очигледно е се’ уште со неа! Она што е видливо е како изгледа, а дали е Македонка, Србинка или некоја друга којзнае од каде по белиот свет, јавноста не дозна, освен неговиот близок круг, се разбира.

Она што е деновиве е евидентно дека Дарко-Спејко ја донел девојката во Македонија. Обајцата се на одмор во македонскиот бисер Охрид, од каде кумановецот споделил неколку видеа.

Свети Наум е секако едно од местата кои секогаш треба или за прв пат или одново да се видат, па „арапската двојка“ уживала на изворите и во манастирот  за среќни заедно да бидат… Ама како стојат работите, по се изгледа ќе бидат за навека?!

Зашто Спејко претходно веќе споделил фотографија од лифтот со својата девојка, каде вљубената двојка бареме според постот,  тргнала да слави годишнина од врската… А постот на „големиот кумановски брат“ кажува доволно: „Остари со мене, допрва доаѓа најдоброто“!  Или што би рекле оние што умеат да читаат меѓу редови скриени намери – Спејко ќе се жени?

Ваквите претпоставки особено ги подгреа и видеоклипот од манастирот Св. Наум, каде двете гулапчиња се гушкаат и бакнуваат, ама и нешто како да покажуваат и претскажуваат? Дали тоа на раката  на девојката на Спејко осамна свршеничкиот прстен?

Како стојат работите, немојте да се изненадите, ако после толку променети жени, дарко Спејко решил да се жени?!

Фото и видео: Инстаграм/spejko

 

 

 

 

To top