Македонската публика викендов ќе има ретка можност двапати да ужива во музиката на Сергеј Ќетковиќ. Најпрво, на 8 август, тој ќе настапи во Градскиот парк во Дојран, а веќе следната вечер, на 9 август, ќе ја продолжи својата македонска летна приказна со концерт во Охрид.
По концертите што со години оставаат силен белег кај домашната публика, Ќетковиќ и овојпат доаѓа со репертоар исполнет со безвременски љубовни песни, искрени емоции и препознатливата атмосфера поради која неговите настапи не се само концерти, туку вечери што долго се паметат.
Годинава охридската публика ја очекува уште едно убаво изненадување. На сцената како специјални гости ќе настапи легендарниот ВИС Билјана, чии песни со децении се дел од музичката традиција на градот. Нивното гостување ќе ѝ даде дополнителна емоција на вечерта и ќе биде спој на две музички приказни што публиката исклучително ги сака.
На 8 август Дојран ќе биде домаќин на концерт за кој влезот е слободен, а веќе на 9 август Античкиот театар во Охрид повторно ќе биде местото каде што илјадници гласови ќе пеат во еден. Концертите се во организација на Евентум продукција, а влезниците за охридскиот се достапни преку продажната мрежа на e-ticket.mk.
Кога ќе се спојат магијата на охридската летна вечер, музиката на Сергеј Ќетковиќ и енергијата на ВИС Билјана, резултатот може да биде само едно – концерт исполнет со емоции, песни што ги знаат сите генерации и спомени што долго ќе останат.







