Северина на социјалните мрежи го објави својот нов сингл „Позови ме ти“ со поднаслов „Анксиозна“, кој ќе биде објавен на 6 август. Заедно со најавата, таа сподели и фотографии од снимањето на видеото и текстот на новата песна.
View this post on Instagram
На фотографиите направени на улица, пејачката позира во црн корсет, проѕирни чорапи, долг кафеав кожен мантил и црни патики. Вториот сет фотографии е направен во затворен простор, каде што го носи истиот корсет во спална соба.
Во своите објави, таа откри и дел од текстот на песната.
View this post on Instagram
„Позови ме ти“ е вториот од трите нови синглови што ги објави Северина. Првиот, „Нисам крива ја“ („Не сум виновна“), беше објавен со придружен видео запис на 31 јули.
foto: printscreen/instagram/severina






