Пејачката Александра Пријовиќ ги собори сите рекорди во заработка и посетеност на турнејата на која одржа дури 63 настапи од септември минатата година до декември годинава.
– Александра успеа да ја покори естрадата! Зад себе има сериозен тим кој се грижи и за најситните детали и затоа успехот беше неизбежен. Вложила многу, но и заработила – за тамошните медиуми раскажува естраден менаџер кој инсистирал на анонимност и открива колку пари на крајот заработила фолк ѕвездата.
– Прија за настапи наплаќа и до 80.000 евра. Одржала 63 концерти, но не одат сите пари за неа. Во текот на целата турнеја ја придружуваше голем тим, составен од музичари, менаџери, шминкери, фризери, стилисти, танчери… Кога ги платила сите, заработувала во просек по 30.000 евра по концерт. На крајот собрала вкупно 1.890.000 евра!
View this post on Instagram
Соговорникот за српските медиуми нагласува дека лудоста по младата фолк ѕвезда не престанува.
– И по турнеја која траеше 15 месеци, на публиката не и беше доста од Прија. Таа е неприкосновена на пазарот, а сопствениците на клубови и на најистакнатите локали се уште не штедат пари за да ја имаат настап во нивниот објект – вели менаџерот.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Александра Пријовиќ турнејата „Од исток до запад“ ја започна на 28 септември 2023 година во белградска арена, по објавувањето на само вториот студиски албум „Nine Life“.
Прија во неколку наврати истакна дека и покрај нејзините напори, не очекувала толку голем успех.
фото:Instagram printscreen/aleksandraprijovic