Радио Милева превртено наопаку

Од животен сопатник до цимер: Нивес Целзиус и по разводот се уште живее со екс- сопругот

Од животен сопатник до цимер: Нивес Целзиус и по разводот се уште живее со екс- сопругот

Нивес Целзиус зборуваше за својата врска со нејзиниот поранешен сопруг Дино Дрпиќ и во таа прилика откри дека, иако повеќе не се во брак, сè уште го делат својот животен простор и секојдневието.

Иако го завршија бракот, Ниевес признава дека нивната врска функционира многу хармонично и дека го смета за еден од своите најдобри пријатели.

– Не сме разделени, скоро секогаш сме заедно, освен ако не сме на пат или тој е со неговата девојка. Функционира одлично, секако кога останувате со некого долго време, има некои несогласувања, но до ден денес, тој е сè уште еден од моите најдобри пријатели и сè уште го сакам неизмерно – рече Ниевес.

Tаа откри и како се сoгласува со неговата нова девојка.

– Не сум добра со неговата девојка, се познаваме по видување, не се запознавме добро. Таа е прекрасна личност колку што можев да заклучам од неговите приказни, одлична е и со моите деца, особено со Таиша, што многу  ценам. И второ, знаете колку е згодна, болно убава, како Моника Белучи – призна таа во подкастот „Шоу на квадрат“.

фото: Instagram printscreen/celsiusnives

To top