Македонскиот рапер, кумановецот Драган Величковски, во естрадниот свет попознат како Тајзи, живее период исполнет со љубов, емоции и голема среќа. Само неколку месеци по романтичното запросување на својата сакана, раперот откри дека тој и неговата свршеница Ангела Анчевска наскоро ќе се остварат во најубавата животна улога – ќе станат родители!

Радосната вест Тајзи ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи, објавувајќи емотивни фотографии од Охрид кои веднаш ги разнежија фановите. Вљубениот пар позира прегрнат, а во рацете држат снимка од ехо-преглед и симпатични бебешки чорапчиња со натписите „Mum“ и „Dad“, јасно ставајќи до знаење дека нивниот живот наскоро ќе добие сосема нова димензија.

„Господ нè благослови со најубавиот подарок. Наскоро ќе станеме родители“, напиша раперот покрај фотографиите, собирајќи илјадници лајкови и честитки од пријатели, колеги и обожаватели.
Веста доаѓа само три месеци по нивната романтична свршувачка на Денот на вљубените. Тогаш Тајзи ја запроси Ангела во магичната атмосфера на Охрид, а денес нивната љубовна приказна добива уште поубаво продолжение.

Инаку, Ангела е добро познато лице во модните кругови.

Таа има богато искуство како модел.

Настапувала на бројни модни ревии и учествувала на меѓународни избори за убавина.

Се чини дека 2026 година ќе остане запишана како една од најсреќните во животот на Тајзи – прво свршувачка, а сега и најубавата вест што може да ја добие еден вљубен пар.

Наскоро во нивниот дом ќе се слуша детски плач, а радоста веќе е огромна.
Фото: Инстаграм/tyzee_tajzi/www.missintercontinental.dе






