Музичарот, композитор, пејач и продуцент, Роберт Билбилов и јога инструкторката Лејла Рамковска, попозната како ќерката на Велија Рамковски, до скоро беа неразделен пар, како две вљубени гулапчиња што постојано се заедно и леткаат еден покрај друг.
Арно ама во нивната врска која цутеше како пролет, многу брзо или барем навидум како да настапи зима, па како птици преселници заминаа онаму каде секому одговара.
Се’ ова навидум вака изгледа на социјалните мрежи, па ако се водиме по тоа дека беа едни од најтранспарентните парови кога е покажување на љубовта во прашање, ова одненадеж се смени.
Од Лејла и Роберт веќе извесно време нема заедничка фотографија, видео, патување, дружење… Ама ги нема и старите фотографии кои редовно осамнуваа.
Љубовните искри како да згаснале, а од љубовниот оган како да останал само пепел, зашто Роберт и Лејла веќе не се ниту пријатели на Инстаграм, ниту се следбеници еден со друг, а нема ниту една нивна заедничка фотографија, спомените заминале во канта – онаа виртуелната.
Лејла во една прилика за медиумите дури раскажа дека љубовта почнала да и ја движи крвта откако се заедно со Роберт.
-Љубовта ни ја движи крвта…Но, таа се случува само кога имаш храброст да љубиш и да не се плашиш да го покажуваш тоа, изјава Рамковска во интервју за „Женски магазин“.
Евидентно беше дека уживаа да ја покажуваат љубовта, а дали она што беше така силно меѓу нив, исто толку вешто тргнаа да го избришат и остават во минатото, најдобро знаат самите до каде и како стојат нештата.
Ние само ги воочуваме промените…
Инаку, обајцата со по еден пропаднат брак зад себе, но и горди родители, откако Роберт по пет години брак се разведе од манекенката Ана во 2018 година, а од бракот го имаат синот Давид, додека Лејла беше во брак со бизнисменот Сефер Цановски со кого имаат две деца, а се разделија пред повеќе од пет години.
Ако во меѓувреме нешто се смени и врати на старо, сигурно нема да остане незабележано.
фото:instagram printscreen/ justrbproduction