Радио Милева за оние со специфичен фетиш

Нивес Целзиус со необична објава повторно го привлече вниманието на јавноста

Нивес Целзиус со необична објава повторно го привлече вниманието на јавноста

Пејачката Нивес Целзиус повторно успеа да ја разбранува јавноста – овојпат со навидум едноставна фотографија, која за рекордно време привлече огромно внимание од нејзините следбеници.

Атрактивната Нивес одамна ја има навикнато публиката на провокативни изданија и смели појавувања на социјалните мрежи. Нејзиниот изглед со години е тема на коментари, а пејачката вешто го одржува интересот на јавноста со објави кои не поминуваат незабележано.

Овојпат во прв план стави детаљ кој ретко се наоѓа во фокусот – нејзините стапала. Таа се пофали со свеж маникир и педикир, но токму негуваните стапала го украдоа целото внимание. Фотографијата за кратко време предизвика лавина реакции, а коментарите непрекинато се редеа.

Очекувано, објавата особено привлече внимание кај луѓе со специфичен фетиш, па под фотографијата можеа да се прочитаат бројни, често и многу директни коментари и понуди. Сепак, Нивес остана доследна на себе – не се огласуваше ниту реагираше на провокациите, со што уште еднаш покажа дека знае да ја одржува границата меѓу провокативноста и дистанцата.

И додека нејзините објави редовно се коментираат и споделуваат, интересот за нејзиниот приватен живот не стивнува. Особено и денес се зборува за нејзиниот брак со хрватскиот фудбалер Дино Дрпиќ, за кој таа отворено пишуваше во својата книга „Гола вистина“.

Foto: printscreen/Instagram/nivescelsius

To top