Живот и стил

Денес готвиме: Посни палачинки за совршена среда

Денес готвиме:  Посни палачинки за совршена среда

Потребно ви е:

250 г брашно
500 мл минерална вода
2 лажици масло
1 лажица шеќер
Прстофат сол
Масло (за пржење)

Подготовка:

Во длабок сад измешајте ги солта, шеќерот и брашното. Потоа, постепено додавајте ја минералната вода со постојано мешање, сè додека смесата не стане мазна и без грутчиња. Следно, додадете две лажици масло и благо измешајте. Лесно премачкајте тава за палачинки со масло и ставете ја на умерена температура. Истурете една кутлача од смесата во тавата и рамномерно распоредете ја. Пржете ја палачинката додека рабовите не добијат златеста боја, а потоа превртете ја и пржете ја уште неколку секунди од другата страна. На палачинките нанесете фил по ваш избор.

извор:попара.мк

фото:Freepik

To top