Радио Милева „патеката“ е една

Ниту признанијата, ниту пехарите, Иџе има јасна цел во животот по која тежнее со секој здив

Ниту признанијата, ниту пехарите, Иџе има јасна цел во животот по која тежнее со секој здив

Најдобриот македонски  автомобилист, Игор Стефановски Иџе, не често медиумите успеваат да го најдат, односно договорат за средба, бидејќи тој едноставно никогаш не запира и редовно е тргнат на пат до победа.

Овој пат во намерата да го договорат и да ја реализираат средбата, успеаја од естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“.

Со Иџе зборуваа на нешто полични, подлабоки и поемотивни теми настрана од автомобилизмот и мноштвото трки низ Европа.

 

Иџе сега зборуваше за неговата најголема цел во животот, неговиот фокус и максима по која се води со секој ден и со секој здив, а се’ тоа се однесува на неговите две деца.

-Премногу признанија, верувајте, премногу пехари освоено, трофеи, така да дефинитивно тоа го тргам на страна. Успех е да, да успеете во животот, да станете прав човек да ги насочите, за мене зборувам, моите деца на едно право место, права насока, да бидат вистински луѓе. Тоа ми е мотивот, тоа ми е целта да они прераснат во луѓе на кои што би бил горд, кажа Иџе пред микрофонот на „Бекстејџ“.

На трократниот шампион во автомобилизам, речиси секаде и секогаш најголема поддршка му се сопругата, синот и ќерката. Со нив па многу полесно се справува и со приватниот живот и со кариерата.

А кога целта е јасно зарцртена, трасата по која се оди па дури и да е тешка и деликатна, погледот кон немерата е еден.

фото: instagram printscreen/igor_stefanovski_idze

To top