Пејачката Милица Тодоровиќ обелодени дека раскинала со Лазар Граниќ од Нови Сад.
Милица сега откри дека двајцата повеќе не се заедно, но дека остануваат во добри односи.
„Точно е, јас и Лазар не сме заедно. Само што се разделивме. Останавме во добри односи, се слушаме одвреме-навреме и толку“, изјавила Милица за „Блиц“.
Потсетуваме дека пејачката и претходно отворено проговори за врската со Лазар.
„Моите родители никогаш не се мешале во љубовните врски, неговите родители се прекрасни. Славица е прекрасна, еве, ја поздравувам“, изјави тогаш за „Курир“.
Вели и дека Лазар е прилично срамежлив. „Тој е срамежлив, а јас сум спротивното. Тој е и убав, но јас не го гледам само на изгледот. Ме нервира што пишуваат „Милица најде манекен“, сакам да го извалкам, но не можам“, додаде пејачката.
фото: printskrin/instagram/milicatodorovicofficial/ Фејсбук/Lazar Granic