Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ пред два дена станаа родители на синот Илијан. Тие се трудат својата интима максимално да ја зачуваат од очите на јавноста, што го докажува и фактот дека никој освен нивниот најблизок круг на луѓе не знаел дека чекаат дете.
Фудбалерот и пејачката живеат во Шпанија со складен, семеен живот, а само еден ден пред раѓањето на синот прославија тригодишнина од бракот. Анастасија тогаш му се обрати на Немања со емотивни зборови:
– Среќна ни 3-та годишнина од бракот љубов! Засекогаш вака да ме носиш кога ме болат нозете. Те сакам најмнооогу – порача Ражнатовиќ.

Инаку, занимлив детаљ кој малку кој го знае е дека фудбалерот е постар од младата музичка ѕвезда седум години. Тие двајца се запознаа во 2022 година преку заеднички пријатели, а по неколку средби, откако стана јасно дека обострани симпатии постојат, влегоа во врска.
Да потсетиме, Анастасија Ражнатовиќ се породи на 15 јули во приватна болница во Севиља, во Шпанија, а целото семејство Гудељ беше во болница со неа. Породувањето помина во најдобар ред, а момчето е родено со 3.600 грама. Родителите за него го избраа името Илијан, што значи „Оној кој му припаѓа на Бога“.

Вељко и Богдана Ражнатовиќ веќе се во Севиља за да ги дочекаат Илијан и Анастасија кога ќе излезат од болница, додека Цеца со првиот лет ќе замине таму, по настапот во Црна Гора, закажан за 17 јули.
фото:Instagram printscreen/raznatovicanastasija






