Радио Милева падна помирување

Некогаш имаа лоши односи, но сега сѐ се смени: Анастасија Ражнатовиќ се смири со мајката и сестрата на Гудељ (фото)

Некогаш имаа лоши односи, но сега сѐ се смени: Анастасија Ражнатовиќ се смири со мајката и сестрата на Гудељ  (фото)

Наследничката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ се смири со свекрвата Оливера Гудељ, како и со золвата Вања Гудељ. Некогаш тие имаа лоши односи, но сега се е поинаку а за тоа има и докази. 

Исто така, тие се следеа и на Инстаграм, а една слика кажува повеќе од илјада зборови.

Имено, како дел од објавата, Немања Гудељ сподели фотографија на која позираат неговата мајка, сестра и сопруга. – Браво Немања! Со оваа слика ги замолчивте сите ваши непријатели – гласи еден коментар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nemanja Gudelj (@nemanjagudelj)

Фудбалерот најмногу придонел за хармонијата во семејството.

– Имаше помирување и сега се е во најдобар ред. Ја видовте и фотографијата која Немања ја објави на мрежите, сега сите се среќни и во добри односи. Немања имаше најголемо влијание сите да се согласат, а сега е токму така – изјави изворот.

За потсетување, Анастасија и Немања се венчаа на крајот на август 2023 година во манастирот Рајиновац, но свадбена веселба сè уште немаат организирано.

Фото: printskrin/instagram/nemanjagudelj

To top