Пејачката Наташа Беквалац често наидува на бројни коментари за нејзиниот љубовен живот, зашто зад себе има три брака. По разводот со поранешниот ватерполист Данило Икодиновиќ, со кој ја има ќерката Хана, Наташа Беквалац се омажи уште два пати.
Патем, новосадската барбика е позната како духовита личност, па често се шегува со своите пропаднати љубови, н сега изненади многумина со својата најнова објава.
„Наташа Беквалац подолго избира песни отколку мажи. Затоа песните и траат подолго од нејзините бракови. Со лесно Нати“ – е објавата на Инстаграм, која пејачката ја сподели на својот профил и напиша: „Дефинитивно точно“.
„Јас сум самохран родител. Таа улога ми е најважна, како и на секоја нормална жена. Тоа е улога која ви зема многу енергија. Во исто време целосно сум посветена на работата што ја работам 20 години на највисоко ниво. Тоа се двете работи кои ме исполнуваат и ме обземаат. Мажот мора да биде магичен за да го вклопам во мојот распоред“ – изјави Беквалац.
Фото: Инстаграм/bekvalceva