Радио Милева анонимна достава

На Валентин Николовски на Св. Валентин на работа му се случи неверојатна работа: Водителот на ТВ Дневникот на Сител го дочека пакет кој не го нарачал, а внатре…! (ВИДЕО)

На Валентин Николовски на Св. Валентин на работа му се случи неверојатна работа: Водителот на ТВ Дневникот на Сител го дочека пакет кој не го нарачал, а внатре…! (ВИДЕО)

За Свети Трифун се подзакројуваат лозјата и се „фрла“ по некоја чашка вино-ракија, за да биде родна годината, за аирлија. Истиот ден оние што го слават Св. Валентин, за Денот на вљубените споделуваат љубов, ама и понекое подароче за дамите. И така сите бескрајно среќни и задоволни, а само тој изненаден…!

Иако името му е славеничко, на Валентин Николовски за празникот на виното и љубовта му се случи шок изненадување и тоа на работа. Водителот на ТВ Дневникот на Сител го дочека пакет кој не го нарачал! А на него сепак неговото име и адреса. Да го отвори-да не го отвора, спикерот од вестите сепак реши да ја распакува големата картонска кутија, а внатре, имаше што да види?!

100 вратоврски, сите рачна изработка или уникати, која од која поубава. А доставата – анонимна! Но, се’ до моментот, додека ТВ водителот не го препозна испраќачот!

„Вчера го доживеав најпријатното изненадување во мојата 32 годишна тв кариера. На Св. Валентин на работа ме дочекува пакет, кој не сум го нарачал. Но, на него стои моето име и презиме. Внимателно отворам и што да видам! 100 вратоврски сите handmade или уникати, која од која поубава. Дамата од Охрид и нејзиниот сопруг кои ги испратиле не ги тагнувам оти не сум ги прашал за дозвола, како и прекрасното пропратно писмо во кое освен на мојот стил се повикува и на моја Данче, нејзина добра пријателка и соработничка, што ме остави без зборови и насолзени очи. Драга охридска дамо со задоволство ќе ја носам секоја од нив, а ти сестро од горе пуштај абер која е поубава“ – споделил популарниот Тино на својот Фејсбук покрај постираното видео, кое од пуста возбуда малку е „смотано снимено“, како што појаснил и самиот.

По гестот што го остави без зборови и со насолзени очи, Валентин Николовски сега на секое појавување ќе може да менува различна вратоврска… Од денес па се’ до пензија!

А кој знае, можеби во следниот пакет ќе има кошули и сакоа?

Фото и видео: Facebook/Valentin Tino Nikoloski

 

To top