Тара Симов моментално минува низ тежок период бидејќи невенчаниот партнер Данило Раичевиќ ја оставил.Таа и понатаму одлично се сложува со неговата мајка Марија Илиќ Швабиќ, па и го честиташе роденденот.
На социјалните мрежи поранешната учесничка во ријалити испрати емотивна порака до поранешната свекрва.
-На мојата втора мајка и посакувам најсреќен роденден на светот, најдобрата жена што сум ја запознала во целиот мој живот, поддршката и ветерот во мојот грб, жената која се смее и плаче со мене – напиша Симова со емотикон од срце.
Тара и претходно истакна колку и значи Марија, која покрај Данило има уште еден син. Многумина коментираа дека Марија изгледа многу привлечно за нејзините години.
Да потсетиме, поранешната задругарка Тара Симов откри како ја оставил нејзиниот партнер со кој го има синот Николај.
– Според тоа, бидејќи сум јавна личност и некаде чувствувам потреба да објавам некои работи, ќе го направам и ова. Јас и Данило се разделивме по негова желба и се договоривме дека е подобро за нас и за нашето здравје – напиша Тара.
Врската меѓу Данило и Тара отсекогаш била турбулентна, а неколку пати раскинувале, но изгледа дека сега и официјално е готово.
Фото: printskrin/instagram/tarasimov