Лила Филиповска неодамна започна со снимања 14-тата сезона на гејм-шоуто „Се или нешто“, но откако се реализираа неколку емисии, па и такви кои стојат како готови, на Лила за брзо и стана доста од работа.
Месец октомври е нејзин месец, па ако минатата година за роденденот беше во Венеција, годинава се реши за ново патување – во Малта.
На најпопуларната водителка и инфлуенсерка од уживање и патување никогаш доста, па на свои 53 години апсолутно знае што сака и што и прави мерак, а тоа е ако може постојано да биде на патување и во истражувачка акција.
Секогаш со предизвик пред себе, нова дестинација и желба за уживање и релаксација.
Овој пат за роденден се чести со октомвриско лето и капење во убавата и топла островска земја Малта од каде славеничката прати поздрав преку социјалните мрежи.
Костим за капење, идеална температура и друштво, за Лила и повеќе од доволно за совршенство.
Среќен роденден Лила!
фото:instagram printscreen/lilafilipovska