Паметна, убава и стројна, младата дама и постарата ќерка на пејачката Наташа Малинкова се’ повеќе станува препознатлива во јавноста.
Таа веќе е натурализирана скопјанка која по завршувањето на студиите и дипломирањето на економски факултет, најчесто е во Скопје каде често добива ангажмани како инфлуенсерка, па и како модел.

Убавата Сулната Малинкова на социјалните платформи се претставува како инфлуенсерка на производи за убавина, а се почесто ја гледаме и како приудружба на мама на настапите, ама и обратно…
Па така, на забавата за инфлуенсер на годината во организација на „Убавина и здравје“, каде Султана доби ѕвезда за најдобра нова инфлуенсерка од карегоријата за убавина, таму поддршка и беше мама Наташа.

Најновото кое сега помладата Малинкова го откри на Инстаграм е дека станала неевеста која блесна во бела бајковита венчаница во која е како принцеза од бајка.

Иако ова беше само за една модна фотосесија, кога веќе Султана облече бел фустан, мајата може да фати, па Малинкови наскоро да дочекаат и зет, но здравје, затоа – потоа…

Овој пат, убавицата е само модел кој блеска пред фотообјективот, ама мама и тато и вака сигурно веќе ја гледаат со насолзени очи.
фото:Instagram printscreen/natasamalinkova/sultana.malinkova




