Велат децата ги наследуваат гените на родителите, па дури и на некој од нивните подалечни предци, како дедо или баба. И тоа во физичкиот изглед, гестикулациите, однесувањето, афинитетите… Зависи кој во што, а некои во ништо!
Малиот Киан, синчето на Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски-Џокер по сите правила и прописи би требал да биде уште од пелени музички надарен. Звуците на песната и музиката да го привлекуваат како магнет, да има уво и слух уште од од детска лулка. А како и не би кога (речиси) целото семејство му е музичко. Дедо Боби, чичо Александар, несудената му тетка Јана, тато Роберт, мама Антониа…Речиси целата фамилија е распеана! Тогаш логиката вели дека и малиот Киан мора во себе да носи музички гени. Арно ама, дали е баш така?

Една ситуација која мама, тато и дедо ја споделиле на своите Инстаграм приказни, јавноста малку ја збуни.
Имено, на видеото се гледа како саксофонот му свири на увце на малечкиот убавец, додека дедо Боби со бендот да ја пробуваат „Чукни во дрво“ од Леб и сол во еден локал. Русокосиот малечок прво малку го гледа в очи свирачот, малку му се чуди на саксофонот од кој излегува музиката и ако сите очекуваат и тој онака детски да пушти гласче или да заигра, Киан онака ладно „и сврте грб“ на музиката, па покажа дека многу повеќе го влече топката!?
Во случајов синиот балон, кој очигледно му беше многу попримамлив, па отиде и го шутна. Ако не музичар, зошто да не стане фудбалер на кој на грбот ќе му стои Joker Jr.? Само тогаш прашање е покрај толку музичари, на кого се метнал?
Се разбира еден потег ништо не значи, а видеото веројатно ве излажа, зашто слухот за музика најмалиот Спасенцовски веќе оддамна го покажа!

Рапер, трапер, фолкер… Пејач каков и да е или само инструменталист – ќе покаже времето кога ќе дојде денот.

До душа, можеби и нешто сосема трето, во зависност кај фатил генот?
Фото: Инстаграм/jokerdam93







