Радио Милева помалку е повеќе

Моќна трансформација на Снеже Велков: Смени малку, а доби многу повеќе со сензуален ултра ефект (фото)

Моќна трансформација на Снеже Велков: Смени малку, а доби многу повеќе со сензуален ултра ефект (фото)

ТВ водителката Снеже Велков најсвоја и слободна се чувствува кога е во спортска облека, што наедно е дел од нејзиното секојдневие.

Онака скоцкана тип- топ со костумче, шминка и фризура е пред камери за нејзината емисија „Нешто конкретно“, но кога не го прави тоа, Снеже си е своја на своето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Сепак, кога доаѓа ред да биде на некој настан, стилистите се тука да и помогнат и да направат чуда како во случајот.

Повод за тоа беше ревија на модната куќа „Елена Лука“ со венчаници за свадбената сезона која е во тек.

Снеже таму се појави поубава и поразлична од кога било, а се” тоа од вештите раце на стилистот Марјан Петров кој ја стилизираше во сензуална убавица со нежна шминка од светли и бронзени тонови, а косата и ја собра високо.

Снеже Велков едноставно блеска!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Ова е случај кога правилото помалку е повеќе функционира во целост.

Холивудски глам во бел летен фустан и црвена ружа како детаљ која иако толку масивна, не успева да биде во фокус и повеќе од неа – убавата Снеже.

фото:instagram printscreen/ velkovsneze

To top