Мартија Станојковиќ и тоа како е посветена на изгледот, провокацијата и доминацијата на сцена. Мартија се дава до максимум и е во полна снага.
Но таква не е само кога настапува пред публика, личниот стилски печат никако не смее да биде со помалку внимание и приватно.

Многумина ќе речат дека малата „Пинк ѕвездичка“ од 2016 година до денес, премногу се промени, па тоа девојченце кое ги освои симпатиите во популарното детско балканско шоу, денес речиси е непрепознатливо.

Полни усни, истакнати јаболчици, впечатливо нашминкани очи, Мартија е девојка од новото време со сите попратни трендови.
Но, каква е Мартија во природно издание и без шминка кога се буди наутро.

Сакајќи да ја покаже своја рутина од нега на лице, ја видовме во поинакво издание од она какво сме навикнале.

Очигледно е дека младата кумановка и тоа како води грижа за себе од секој сегмент, но она кое е најсилен одраз во огледалото е самодовербата.
фото:Instagram printscreen/martijastanojkovic







