Инфлуенсерката Луна Ѓогани му ја честиташе седмата годишнина на својот сопруг Марко Миљковиќ на Инстаграм со емотивна порака.
Сопружниците Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ денес имаат посебна причина за славење, бидејќи ја одбележуваат годишнината од почетокот на нивната љубовна приказна.
По овој повод, Луна објави емотивна порака на социјалните мрежи.

Ѓогани не крие колку е сè уште вљубена во својот сопруг Марко, нагласувајќи дека нивните чувства денес се уште посилни отколку на самиот почеток на врската. Двојката денес слави седум години љубов.
„Седум години љубов со тебе. Мислев дека те сакам најмногу во тие први години, но дури сега гледам што значи навистина да сакаш некого со сите негови доблести и недостатоци. И така, секогаш те бирам само тебе“, напиша Луна во објава на Инстаграм.
По оваа трогателна порака, следеа голем број честитки и добри желби, а обожавателите им порачаа дека нивната љубов и среќа ќе траат засекогаш.
Foto: printscreen/instagram/luna_djogani





