Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, стана татко по трет пат.
Неговата сопруга се породи вчера, а во семејството пристигна новиот член, овој пат – син!
Ова е прво машко дете за министерот, кој веќе е горд татко на две ќерки.

Со доаѓањето на синот, семејството доби нова радост, а министерот влезе во ново поглавје од својот приватен живот.
Веста за приновата ја потврдија и од кабинетот на министерот, а истата брзо се прошири меѓу пријателите, колегите и јавноста, од каде пристигнуваат бројни честитки до семејството.
Со раѓањето на третото дете, семејството на Тошковски станува побогато за уште еден член, а министерот покрај јавните обврски продолжува да ја гради и својата најважна улога – онаа на родител.
Фото: Facebook / Панче Тошковски




