Радио Милева сосема сама

Милица Тодоровиќ ги поминува своите труднички денови овде – Пејачката сподели прекрасни фотографии

Милица Тодоровиќ ги поминува своите труднички денови овде – Пејачката сподели прекрасни фотографии

Пејачката Милица Тодоровиќ по долго време се огласи на социјалните мрежи и објави фотографија од својот одмор.
Откако веста за бременоста на Милица Тодоровиќ одекна во јавноста, а пејачката ја потврди добрата вест, таа одлучи да се повлече од медиумскиот живот и да ужива во својата благословена состојба во мир.

Папараците неодамна ја фотографираа во населбата каде што живее во Белград, а извор близок до пејачката откри дека Милица поминува многу време и во својот роден град, опкружена со своите најблиски. По месеци молчење, Милица конечно се појави на социјалните мрежи. На својот Инстаграм профил објави фотографија од крајбрежјето, каде што моментално престојува.

На сликата е прикажана сосема сама, далеку од толпи и љубопитни погледи, што укажува дека пејачката намерно чекала до крајот на летната сезона за да може мирно да ужива во своите труднички денови.

Милица Тодоровиќ сè уште не го претставила таткото на своето дете на јавноста, а нејзините соседи немале поим дека мажот со кој се гледаат во локалното кафуле е всушност идниот сопруг на пејачката.

Foto: Printscreen/Instagram/milicatodorovicofficial

To top