Емили Ратајковски уште еднаш покажа дека за неа правилото „помалку е повеќе“ важи буквално. На доделувањето на MTV VMA пристигна како придружба на своето момче Роман Гаврас, но со своето смело издание многу брзо го привлече вниманието на сите присутни.
Манекенката Емили Ратајковски се појави на доделувањето на наградите MTV VMA 2026 како придружба на својот партнер Роман Гаврас, а фотографиите од настанот ги сподели на Инстаграм. За оваа пригода избра смела плетена креација од брендот George Troch, со целосно отворени странични делови.

Фустанот откриваше голем дел од нејзиното торзо – кројот се протегаше од рамото до нискиот дел на колкот и беше тесно прилепен, додека на задната страна се отвораше во интересен детаљ. Емили го покажа фустанот од сите агли, а еден обожавател во коментар се пошегува: „Го обожавам тој многу суптилен отвор на фустанот.“
View this post on Instagram
Манекенката ја носеше косата благо разбушавена, со патец на средината, додека изгледот го надополни со драматична шминка околу очите.
Нејзиниот изглед содржеше и суптилен детаљ посветен на Гаврас, со кого е во врска веќе извесно време, а врската првпат јавно ја потврди на Инстаграм во февруари.
На фотографијата што ја објави жената задолжена за нејзиниот маникир се гледа дека Емили на средниот прст од левата рака има испишани букви „RG“, додека на домалиот прст се наоѓа симболот што се појавува на постерот за неговиот филм „Sacrific“, наведува „Page Six“.
foto: printscreeen/instgaram/emrata






