Радио Милева нови детали

Миа Костова со молба да сопрат шпекулациите: „Панчо е жив, стабилизиран од вчера“ (фото)

Миа Костова со молба да сопрат шпекулациите: „Панчо е жив, стабилизиран од вчера“ (фото)

По вчерашната објава на пејачката Ребека дека состојбата на Владимир Блажев- Панчо ДНК  не добра и дека тој е префрлен на лекување во приватната клиника „Систина“,  очекувано истата се прошири по социјалните мрежи и медиумите.

Нешто подоцна, се огласи и инфлуенсерката и блиска пријателка на Панчо, Миа Костова која обзнани дека тој е критично и дека е време да се праќа позитивна мисла за тој да ја извојува неговата најтешка битка.

Денес на „стори“ објавите кај Миа осамна нова информација, попозитивна од претходната каде таа ги замолува сите да не се шират шпекулации и дека моменталната состојба на Панчо е стабилизирана.

-Ве замолувам! Прекинете со шпекулации! Никому добро не правите! Само прекинете! Панчо е жив, стабизизиран од вчера, ќе ве известувам за состојбата, не правете драма дополнителна! Така преземаат портали желни за кликови. Престанете само!- апелира Миа до медиумите и јавноста.

Сите живееме тажни и тешки денови кога дезинформациите и шпекулациите се најмалку потребни.

фото:Instagram printscreen

To top